ЕК ќе го објави годишниот извештај за Македонија
Осмата препорака на Еврокомисијата за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, како и минатата година, ќе биде условена...

Европската комисија ќе ги објави најновите прогрес-извештаи за напредокот на земјите-кандидати за членство во Европската унија во процесот на проширување. Република Македонија, како и седум пати претходно, ја очекува новата препорака за отворање на преговорите за членство во Унијата.
Осмата препорака, овојпат, како и лани, ќе биде условена со тоа што ќе биде потврдена доколку се спроведат фер и демократски парламентарни избори на 11-ти декември.
Од Европската комисија одбиваат официјално да коментираат каква ќе биде содржината на предлог-извештајот за Македонија, но се очекува да се поздрават реформите што го приближуваат македонското до европското законодавство, но и да се забележи назадување во однос на владеењето на правото и медиумите.
На прес-конференцијата ќе се знае и дали во извештајот, Брисел ќе побара продолжување на рокот за поднесување обвиненија, како што бараше Специјалното јавно обвинителство.
Македонија е со кандидатски статус од 2005-та.
