Оризот со помал род

09.11.2016 10:03

Жетва на оризот привршува. Според првите проценки земјоделците очекуваат помал род од лани или просечно до 5.000 килограми по хектар оризова арпа. Откупните цени сеуште не се знаат иако земјоделците се надеваат дека од оваа реколта ќе успеат да добијат пристоен износ за секој проедаден килограм.

Поволните временски овозможија земјоделците од кочанскиот регион да го привршуваат собирањето на оризовата арпа. Од вкупно 4.800 хектари со ориз досега се ожнеани 70 проценти од површините, а жетвата се очекува да заврши најмногу за десетина дена.

Годинава се очекуваат просечни приноси од 4.500 до 5.000 килограми од хектар.

Подобри приноси досега има кај турските сорти, но по количестватра и по квалитетит не заостануваат и домашните традиционални сорти.

Според првите проценки родот на оризовата арпа се очекува да биде 25.000 тони или за 2.000 тони помалку од претходната жетва.

Оризот во Македонија го откупувааат 18 регистрирани фирми кои велат дека цената на пазарите во странство не е голема поради високите приноси на оризот во соседна Грција што ја доведува во прашање и висината на откупната цена по која ќе се купува оризот од земјоделците.

 

Методија Трајков