Бејли: Поддршката на САД кон Македонија останува иста
Републиканецот Доналд Трамп е новиот американски претседател. Во говорот по победата изјави дека неговата Влада ќе му служи на народот. Хилари Клинтон го призна поразот.

Поддршката на САД кон Македонија останува иста и нема да се промени, изјави изутринава американскиот амбасадор Џес Бејли во прес центарот во скопскиот хотел „Александар палас“ каде што се следеа резултатите од претседателските избори во САД.
„Ве уверувам дека предизвикот е прифатен. Ние немаме афинитет кон некоја партија. Предизвиците нема да се сменат од 8-ми до 9-ти ноември, ниту пак нашите долготрајни парнерства и интереси. САД ѝ се партнери на Република Македонија веќе 25 години во кои имаше четири различни американски администрации. Ние сме посветени за успехот на Република Македонија. Овде има многумина кои се вклучени во политиката. Им честитам на сите кои станаа кандидати, задачата не им беше лесна. Им честитам и на сите активисти кои со месеци ги поддржуваа, и им честитам и на моите сограѓани. Токму вака функционира демократска влада“, изјави американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.
