„Жизел“ во среда во МОБ
Ова среда, 5-ти февруари со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“...

Ова среда, 5-ти февруари со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“.
Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.
Во „Жизел“ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, во насловната улога, Алберт: Бобан Ковачевски, Хиларион: Игор Веланоски, Мирта: Марта Петкова (Примабалерина – Софија), Па де де: Ангела Велевска и Јан Кисилев, Оружоносец: Драган Пандиловски .
Настапуваат: Комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски (Русија), додека диригент е, Бисера Чадловска.
