Могерини: ЕУ и САД ќе продолжат заедно да работат
09.11.2016 10:38
Ќе продолжиме заедно да работиме за наново да ја откриеме силата на Европа, дополни Могерини на одгласите за победата на републиканецот Доналд Трамп.

Европската унија и САД ќе продолжат заедно да работат, напиша на Твитер високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, во својата прва реакција на резултатите од американските претседателски избори.
Врските меѓу ЕУ и САД се подлабоки од секоја промена во политиката, додаде Могерини. Ќе продолжиме заедно да работиме за наново да ја откриеме силата на Европа, дополни Могерини на одгласите за победата на републиканецот Доналд Трамп.
