Јанукович се враќа на работа, денеска нови демонстрации
03.02.2014 10:26
По четиридневно отсуство поради здравствени проблеми...

По четиридневно отсуство поради здравствени проблеми, претседателот на Украина, Виктор Јанукович денеска се очекува да се врати на работа.
Соопштението за неговото отсуство предизвика загриженост во јавноста дека тој можеби се подготвува да прогласи вонредна состојба во земјата во којашто повеќе од два месеца владее сериозна политичка криза.
Демонстрантите бараат оставка од Јанукович откако тој на 21 номеври ги прекина подготовките за потпишување на договорот за приклучување кон Европската унија.
За денеска се најавени нови масовни протести, а медиумите јавуваат дека досега на Плоштадот на Независноста се собрале околу 50 000 луѓе.
