СИЕР: Укинување на одлуката за „Југохром“

09.11.2016 13:15

Доколку не добијат позитивен одговор од належните, Синдикатот на вработените во „Југохром“ од сабота најавуваат протест и блокада на автопатот Тетово-Скопје, кај село Желино.

Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство со поддршка за барањата на вработените во комбинатот „Југохром“. Тие бараат укинување на одлуката за запирање на производството, да нема отпуштање на вработените и во најскоро време да се изградат филтер станиците.

Доколку не добијат позитивен одговор од належните, Синдикатот на вработените во „Југохром“ од сабота најавуваат протест и блокада на автопатот Тетово-Скопје, кај село Желино.

Минатиот четврток, на полноќ, згаснаа печките на „Југохром“, откако Инспекторатот за животна средина ја донесе уредбата со образложение дека комбинатот од Јегуновце е главен загадувач на градот под Шара.