Иванов му ја честита победата на Трамп
Длабоко сум уверен дека Соединетите Американски Држави под ваше лидерство, ќе ни помогнат во исполнување на нашите највисоки стратегиски цели, стои во честитката од Иванов до Трамп.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов му ја честита победата на Доналд Трамп. Република Македонија придава исклучително значење на стратегиското партнерство со САД, а заложбата за негово натамошно зацврстување претставува посебен интерес за државата и за нејзините граѓани, стои во писмото.
Во нашите 25 години независност и сувереност, Македонија долго време се соочува со неправедна и непринципиелна блокада на нашиот европски и евроатлантски пат, вели Иванов. Длабоко сум уверен дека Соединетите Американски Држави под ваше лидерство, ќе ни помогнат во исполнување на нашите највисоки стратегиски цели, стои во честитката од Иванов до Трамп.
