Нов земјотрес во Кефалонија

03.02.2014 10:36

Нов силен земјотрес со јачина помеѓу 5, 7 и 6, 1 степен...

Нов силен земјотрес со јачина помеѓу 5, 7 и 6, 1 степен според Рихтеровата скала рано изутрината го погоди грчкиот остров Кефалонија. 

Регистрирана е материјална штета, а и полесно се повредени неколку лица. Властите апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да останат мирни.

Една недела претходно на истиот остров во уште еден земјотрес беа оштетени неколку стотици куќи.