ДИК: Утре ќе се објават описите на изборните единици
ДИК утре ќе го заклучи и избирачкиот список кој се однесува на 7-та изборна единица, односно на дијаспората.

До утревечер на полноќ во ДИК треба да пристигнат кандидатските листи од сите партии и независни кандидати кои ќе учествуваат на претстојните избори на 11-ти декември. Исто така, ДИК утре ќе го заклучи и избирачкиот список кој се однесува на 7-та изборна единица, односно на дијаспората.
Четири дополнителни избирачки места ќе бидат отворени во Берн, Венеција, Детроит и Њујорк. Според Државната изборна комисија, во овие градови се надминува бројот од илјада гласачи. ДИК утре треба да ги претстави и описите на 6-те изборни единици во земјава.
Несогласувања кои се надминати имаше околу 6-тата изборна единица кадешто се појавува мал процент гласачи повеќе од законски одреденото.
