ЕК: Политичката криза и поплавите го намалија растот за оваа година

10.11.2016 11:35

ЕК прогнозира сериозното намалување на невработеноста, да дојде до рекордно ниски 22 проценти во 2018-та година паралелно со истото да расте и вработеноста. Единствено проблематична е најавата за зголемување на јавниот долг, кој годинава изнесувал 40,5 проценти, а во наредните две години, ЕК прогнозира дека ќе нарасне до 43 отсто.

Политичката криза и поплавите го намалија растот на бруто домашниот производ за оваа година. Наместо 3,7 проценти, ќе изнсува 2,1- проектира Европската комисија во најновата есенска прогноза.

Во неа се наведува дека среде продолжена политичка криза, економијата се ширела со забавено темпо, и имала силно влијание врза буџетот. Во економското предвидување за државава стои- по изборите, раст на инвестициите, во следните две години економијата да се развива, да достигне 3,2 проценти во 2017-тата.

ЕК прогнозира сериозното намалување на невработеноста, да дојде до рекордно ниски 22 проценти во 2018-та година паралелно со истото да расте и вработеноста. Единствено проблематична е најавата за зголемување на јавниот долг, кој годинава изнесувал 40,5 проценти, а во наредните две години, ЕК прогнозира дека ќе нарасне до 43 отсто.

Економскиот раст на Еврозоната, според проценките на Комисијата, оваа година ќе досгитне 1,7 отсто, а идната година ќе успори на 1,6 отсто.