Избран нов претседател на Интерпол
10.11.2016 12:20
За заменик претседател беше избран началникот на Националното централно биро на Интерпол во Москва...

Висок кинески владин претставник е избран за претседател на Интерпол. Новиот раководител на Интерпол е досегашниот кинески заменик министер за јавна безбедност, Менг Хонгвеј.
За заменик претседател беше избран началникот на Националното централно биро на Интерпол во Москва, генерал-мајорот Александар Прокопчук, кој стана првиот Русин, избран за толку висока функција во меѓународната полициска организација.
