Иднината на Тајланд нејасна

03.02.2014 10:51

Само еден ден по едни од најспорните избори во историјата на земјата...

Само еден ден по едни од најспорните избори во историјата на земјата, иднината на Тајланд се чини е повторно нејасна. Националните избори не успеаја да ги тргнат демонстрантите од улиците на Бангкок и да формираат нова влада. 
 
„Сето ова е ново за Тајланд. Мислам дека иднината е мошне неизвесна. Земјата се соочува со уште поголема неизвесност по изборите“, изјави граѓанин.
 
Премиерката Шинаватра, пак, рече дека изборите претставувале позитивен сигнал, но и дека е потребно долгорочно решение за состојбата во земјата.