Градење соодветни политики за реализација на Целите за одржлив равој на ОН
Денешната прва консултативна работилница со учество на сите релевантни институции треба да помогне во градење соодветни политики и мерки за реализирање на поставените цели во земјава.

До 2030-та во светот треба да биде реализирана амбициозната агенда на Обединетите нации за одржлив развој. Со неа треба да се стави крај на сиромаштијата, борбата против нееднаквоста и справување со климатските промени, цели договорени на Самитот на светски лидери во септември 2015-та.
Денешната прва консултативна работилница со учество на сите релевантни институции треба да помогне во градење соодветни политики и мерки за реализирање на поставените цели во земјава.
Координаторот на Обединетите нации во земјава Лујза Винтон оцени дека македонските национални стратегии се генерално добро усогласени со Целите за одржлив развој, а тоа значи, како што нагласи, дека земјата нема да почне од почеток.
Сепак, некои стратегии сѐ уште не се спроведени. Постојат сериозни предизвици за усогласување и можности за сериозен напредок, нагласи Винтон.
