МВР заплени над 100 килограми марихуана вредна милион евра

10.11.2016 14:39

Завчера се уапсени се 4 лица, двајца македонски државјани, еден косовски и еден албански државјанин, против кои е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со дрога.

Македонската полиција пресече меѓународен канал на недозволена трговија со дрога. Запленети се над 100 килограми марихуана со потекло од Албанија која преку Македонија требало да биде пренесена во Турција. На црниот пазар би достигнала цена од околу милион евра.

Завчера се уапсени се 4 лица, двајца македонски државјани, еден косовски и еден албански државјанин, против кои е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со дрога.

Од  судија на претходна постапка на осомничените им е одредена мерка притвор од по 30 дена. Првопријавениот, 45 годишен македонски државјанин заедно со косовскиот и албанскиот државјанин ја набавиле марихуаната од Албанија и преку Косово на почетокот на месецов ја внеле во државава, преку зелената граница во околината на Тетово, информираат од МВР. Потоа дрогата била пренесена во Скопје, во домот на првопријавениот.