Шпанија: Упасени 56 лица осомничени за педофилија

10.11.2016 14:52

Во акцијата биле запленети и повеќе од 170 компјутерски хард-дискови, како и 614 це-деа со порнографска содржина. Шпанските власти ги испитуваат материјалите со цел да утврдат дали некој од упасените мажи и сам злоставувал малолетници.

Шпанската полиција уапсила 56 лица осомничени за детска порнографија преку интернет. Повеќе од  150 полицајци и 46 истражни судии учествувале во операцијата која била спроведена во 28 шпански провинции.

Во акцијата биле запленети и повеќе од 170 компјутерски хард-дискови, како и 614 це-деа со порнографска содржина. Шпанските власти ги испитуваат материјалите со цел да утврдат дали некој од упасените мажи и сам злоставувал малолетници.

Властите се сомневаат дека група искористила најмалку 80 деца во изминатите 15 години и дистрибуирала повеќе од милион фотографии и видеа со порнографска содржина.