Аналитичари: Изборите- прв чекор кон нормализација на состојбите
Изборите се првиот чекор кон нормализација на состојбите во Македонија, велат познавачите на оваа област анализирајќи ја содржината на годишниот извештај на Европската комисија за Македонија објавен вчера. За едни во документот нема доволно насоки како понатаму во областите кои не ја засегаа заедничката европска политика. За други во земјава нема никако напредок кој би влиаел на содржината.

Извештајот на Европската комисија за Македонија не е изненадувачки и неочекуван со условена препорака- констатираат познавачите на состојбите. Согласни се дека за ова виновна е политичката криза, но велат и дека во извештајот не виделе насоки за тоа како да се движи земјава особено во области каде Унијата нема заедничка политика, како што се доброто владеење и јавната администрација.
Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики во извештајот повеќе гледа прашања кои ја засегаат Унијата, а тоа се миграциите и борбата против тероризмот.
Симонида Кацарска од Институтот за европска политика гледа уназадување во судството. Нема напредок кој би влијаел на содржината, смета таа.
Тоа што го потенцира Унијата, го констатираат и експертите дека квалитетно спроведени избори се чекор напред за земјава која потоа со владата треба да ги проведе приоритетите.
Миле Ристески
