По итна постапка ќе се одлучува за законите за стечјаци, минимална плата и за служба во армијата
Пратениците усвоија предолг-законите за служба во Aрмијата, како и за минимална плата и за обештетување на стечајците...

Пратениците усвоија предолг-законите за служба во Aрмијата, како и за минимална плата и за обештетување на стечајците да се најдат на дневен ред по итна постапка. Овие законски решенија ќе одат на комисиска расправа, а со амандманите ќе може да се интервенира во нивната содржина.
Процесот на зголемувањето ќе има тригодишна динамика. Ќе се реализира од март годинава до март 2016. Дотогаш, минималецот треба да стигне до 10. 080 денари.
Шест месеци пред војникот да наполни 45 години, министерот за одбрана да ги преземе сите активности за да може професионалниот војник веднаш штом ќе наполни 45 години да биде прераспределен во друга служба, односно да нема ниту еден ден застој во работниот однос.
Лицата кои останале невработени како резултат на приватизација на компанија што била во државна или во доминантна државна сопственост, сега ќе може да бидат материјално обезбедени со добивање околу 7.100 денари месечен надомест.
