Четири жртви во напад врз германската амбасада во Авганистан

11.11.2016 10:45

Дваесетина членови на персоналот се евакуирани. Паралелно со овој напад се случила и престрелка меѓу безбедносните сили и војниците на НАТО војниците и вооружените напаѓачи.

Четворица Авганистанци загинаа во самоубиствен-бомбашки врз германскиот конзулат во Мазар е Шариф. Талибанец влетал со камион полн со експлозив во комплексот при што се ранети и над 100 луѓе.

Дваесетина членови на персоналот се евакуирани. Паралелно со овој напад се случила и престрелка меѓу безбедносните сили и војниците на НАТО војниците и вооружените напаѓачи.

Според Талибанците, нападот бил одмазда за убиството на 30 цивили во воздушните напади во Кундуз.