Попоски: Владата целосно е посветена на исполнување на препораките

11.11.2016 13:01

Коментирајќи го извештајот на Европската комисија, Попоски вели дека Владата целосно е посветена на исполнувањето на препораките...

Македонија заслужува да биде дел од големото европско семејство, и тоа го покажа со спроведените реформи изминативе години, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски. Коментирајќи го извештајот на Европската комисија, вели дека Владата целосно е посветена на исполнувањето на препораките.

„Најголем проблем е што осум години имаме повторни препораки, а од друга страна Европскиот совет нема капацитет да испорача и сепак да ги почнеме преговорите. Сите оние условувања кои се однесуваат на зголемени реформи, организирање на избори итн., се услови кои би рекол се легитимни во овој контекст, но проблемот е што Европската унија не може да испорача на овие прашања, доколку не постои консензус внатре. На ова мора да работиме, се разбира првиот предуслов е успешната организација на изборите“- смета Попоски.