Заев најави генерален реизбор на судиите по 11-ти декември

11.11.2016 14:47

Реизборот, вели Заев, ќе се случи по критериуми кои во повеќе земји даваат видливи резултати.

Лидерот на СДСМ, Заев најави генерален реизбор на сите судии во државата, доколку партијата победи на изборите.

Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе. Ниеден судија нема да смее  да помисли да монтира судски процеси и ниеден судија нема да помисли да работи за криминалци затоа што криминалците ќе бидат таму каде што им е местото..., рече Заев.

Додаде дека и сега има поединци во судството кои одважно ја бранат прадвата, за што, како што рече, трпат последици.

Со реизборот на судството политичарите, извршната власт ќе мора да ги повлечат канџите од судството. Реизборот ќе се случи по критериуми што веќе во повеќе земји даваат видливи резултати, истакна Заев.