Оценки: Извештајот на ЕК реален, треба да се работи на реформските приоритети

11.11.2016 15:24

Очекуван, реален и објективен- оценка на вицепремиерот за европски прашања, Арбр Адеми за извештајот за напредокот. Попоски бара Европскиот совет да овозможи отпочнување на преговорите. Граѓански организации апелираат да се исполнат итните реформски приоритети.

Извештајот на Европската комисија е очекуван, реален и коректен, тоа што го очекувавме тоа и го добивме вели вицепремерот за економски прашања Арбр Адеми. Според него позитивен чекор е тоа што Македонија доби препорака имајќи ги предвид околностите со кои се соочува земјата. Адеми потенцираше дека Владата и натаму ќе работи во исполнувањето на обврските.

„Нашиот фокус како што кажавме и претходно е да го пичитуваме пржинскиот договор, исполнување на итните реформски приоритети и сите други обврски кои произлегуваат од него. Тоа е единствениот начин да се приближиме кон нашето членство во ЕУ“, смета вицепремиерот Адеми.

Најголем проблем според министерот Попоски е што земјава осум години добива повторени препораки, а Европскиот совет нема капацитет да испорача отпочнување на преговорите. Најголем предуслов за Македонија ќе биде спроведувањето на предвремените избори, вели Попоски.

„Проблемот е што реално Европската унија не може да испорача на овие прашања доколку не постои консенсуз внатре. На ова мораме да работиме. Се разбира дека првиот предуслов е успешната организација на изборите. Со генералниот секретар на ОБСЕ разговаравме околу мониторинг мисијата и за нас е значајно да има што е можно помасовно набљудување и конечно тоа ќе биде најголемиот гарант дека никој не ќе може да си поигрува со вољата на граѓаните“, смета министерот за надворешни, Никола Попоски.

Клучните теми од извештајот за напредокот на земјава беа тема на дебата организирана од Фондацијата Отворено оштество и Македонскиот центар за Европско образование. На дискусијата- заклучок дека новата влада треба да работи на исполнување на итните реформски приоритети, развивање на демократијата, владеењето на правото со вклучување на граѓанскиот сектор.

Секретаријатот за европски прашања изготвил анализа за извештајот на Македонија која е испратена до сите институции и ќе биде разгледана од страна на Владата.

 

Викторија Милевска