Коалицијата „За подобра Македонија“ потпиша декларација за заеднички настап на изборите

11.11.2016 16:02

ВМРО-ДПМНЕ потпиша декларација за заеднички настап на изборите со политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“. Блокот е составен од 25 партии. Најавија позитивна кампања и победа на претстојните избори.

Потпишана декларацијата „Македонија 2020“. Лидерите на 25 политички партии од Коалицијата за подобра Македонија се обврзаа на фер и демократски изборен циклус. Лидерот Никола Груевски соопшти дека тој и партнерите ќе водат позитивна изборна кампања.

Секој потписник на декларацијата се обврзува дека ќе ги штити државните интереси и ќе работи во интерес на граѓаните, рече Груевски. Потсети на приоритетите што ги има овој политички блок- отворањето на нови работни места, зголемен економски раст, подобар животен стандард за граѓаните, поддршка на малите и средни фирми. Како врвен приоритет останува интегрирањето во ЕУ и во НАТО.

Коалицијата „За подобра Македонија“, како што соопшти нејзиниот предводник меѓу останатото ќе се залага и за повисоки плати, пензии и социјална помош. Субвенции за земјоделците, изградба на модерни патишта и железничка инфраструктура.

 

Анита Димитријевска