Обама наредил на НСА да не ги прислушува телефоните во ММФ и СБ
01.11.2013 11:52
Барак Обама и наредил на Агенцијата за национална безбедност (НСА) да не ги прислушува телефонските разговори во централите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка
Претседателот на САД Барак Обама и наредил на Агенцијата за национална безбедност (НСА) да не ги прислушува телефонските разговори во централите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, изјави американски претставник.
Наредбата е дел од напорите на Белата куќа да демонстрира волја да намали барем дел од електронското следење по откривањето на Едвард Сноуден за програмите на НСА за шпионирање на американските сојузници и непријатели на американски граѓани.
Претставникот одби да прецизира дали досега НСА ги прислушувала телефоните на двете финансиски организации.
