Од денеска пререгистрација на невработените во ФЗОМ

03.02.2014 11:26

Сите невработени лица и лица со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат ...

Сите невработени лица и лица со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да може да ги користат здравствените услуги.
 
Се очекува до крајниот рок, 31 март, да се пререгистрираат 243.000 осигуреници. Станува збор за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања и за лицата кои првпат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ. 
 
Пререгистрацијата, како што посочуваат од Фондот, ќе продолжи и по 31 март, но во тој случај лицата ќе имаат прекин во здравственото осигурување, односно од 1 април до моментот на нивната регистрација или пререгистрација во Фондот.