ФПЦ Технопласт почнува градба на фабрика во Бунарџик

12.11.2016 09:26

Најавена е инвестиција во износ од 10 милиони евра која ќе отвори 200 работни места.

Во Технолошко индустриската развојна зона Скопје денеска ќе биде поставен каман темелник за изградба на фабрика на домашната компанија ФПЦ Технопласт.

Најавена е инвестиција во износ од 10 милиони евра која ќе отвори 200 работни места.

ФПЦ Технопласт произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија

Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.