Добро е и Ред Бул да има проблеми
„Мислам дека е позитивно за сите нас да видиме дека Ред Бул не победува на секоја трка“- изјави Фелипе Маса ...

„Мислам дека е позитивно за сите нас да видиме дека Ред Бул не победува на секоја трка“- изјави Фелипе Маса по првите претсезонски тестирања во Херез.
Според новиот возач на Вилијамс добро е и најдобрите понекогаш да имаат проблеми, а не постојано да доминираат и да победуваат со секунда по круг.Изјавата на Маса доаѓа по 4-те дена од првиот претсезонски тест во Херез на кој шампионскиот тим имаше големи проблеми со новиот болид и успеа со многу проблеми да комплетира само 21 круг.
Запрашан за ривалитетот на возачите во неговиот довчерашен тим Ферари, Маса типува дека Фернандо Алонсо ќе биде подобар од Кими Раиконен.
„Тој е жива интелегенција, веќе ги има проучено прописите и точно знае кога што да направи за да биде најбрз на патеката.Иако никогаш не се знае, можно е новиот болид повеќе да му одговара на Кими.Ќе видиме!“-додава бразилецот.
