Од утре обврска за зимска опрема во возилата
14.11.2016 08:26
АМСМ соопшти дека сообраќајот на сите државни патишта утрово се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Од утре, 15-ти ноември, во сила стапува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед каква е временската состојба во моментот, информира Автомотосојузот на Македонија. Обврската ќе трае до 15 март 2017 година.
АМСМ соопшти дека сообраќајот на сите државни патишта утрово се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
