Хуманитарна акција „Од народ за народ“

14.11.2016 10:21

Хуманитарната акција „Од народ за народ“ го мобилизираше Прилеп. Се собираа покуќнина и облека за луѓето на кои им е потребна. Акцијата се спроведува четврта година по ред, а досега им е помогнато на 50-тина семејства.

Прилепчанката Паре Арапческа подготвена е да помогне, дарувајќи ги предметите од домот кои не ги користи, а имаат уште долг век на траење.

Облека, електрични апарати, мебел, покуќнина. Прилепчани подготвени да дадат за друг да има корист од тоа. Ниту дождот не е пречка.

Урбаните заедници веќе четврта година се дел од акцијата. Сметаат, има многу хумани и грижливи луѓе.

Прилепски „Комуналец“е задолжен за транспортот, складирањето и распределбата на даруваните покуќнина и облека од граѓаните. За четири години, со акцијата „Од народ за народ“ им се помогнало на 50-ина социјално загрозени семејства.

 

Елизабета Митреска