Дијаспората ќе гласа за три пратеника
Државната изборна комисија на седница ги разгледуваше кандидатските листи на шест политички субјекти, кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности.

Најверојатно ќе се гласа за три пратеника во дијаспората. За тоа се потребни речиси 20 илјади гласа. Државната изборна комисија на седница ги разгледуваше кандидатските листи на шест политички субјекти, кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности.
Прифатени се листите на коалицијата „За промени и правда“, на Коалицијата „ВМРО за Македонија“, на коалицијата „Алијанса за Албанците“, на Левица.
На Социјалдемократската партија на Македонија не ѝ се прифатени листите за изборните единици 1 и 3, каде носители се Стево Продановски и Љупчо Николовски.
Партијата има право на жалба до Управниот суд.
