Искршено стакло од возило на делегација на ДУИ

14.11.2016 10:29

Собирот бил организиран од семејството на убиениот Џемаил Реџепи. Било скршено стаклото на едно од возилата со кое пристигнала делегацијата на ДУИ.

Вчера група граѓани се собрале на влезот на кумановското село Черкези, револтирани од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Собирот бил организиран од семејството на убиениот Џемаил Реџепи. Било скршено стаклото на едно од возилата со кое пристигнала делегацијата на ДУИ.

Од ДУИ, пак, велат дека мала група на насилни провокатори се обиделе да му го попречат патот на Ахмети. Додаваат дека обидот им пропаднал, бидејќи првиот човек на интегративците ја одржал средбата во Куманово со своите поддржувачи и симпатизери.

Од ДУИ велат дека го осудуваат насилството како политичко средство.