Светски ден на дијабетесот: Предупредување за тивкиот убиец
Во земјава има околу 185 илјади луѓе заболени од дијабетес, или околу 12 насто од целата популација, покажува истражувањето на здружението „Був“, кое се занимава со истражување на оваа област.

Расте бројот на заболени од тивкиот убиец во Македонија. Во земјава има околу 185 илјади луѓе заболени од дијабетес, или околу 12 насто од целата популација, покажува истражувањето на здружението „Був“, кое се занимава со истражување на оваа област. Оттаму сметаат дека е клучно да се подигне јавната свест за дијабетесот, но и да се преземат мерки за превенција.
Во светски рамки, според меѓународната федерација, речиси 9 насто од возрасната популација се соочува со шеќерната болест, најчесто од типот 2. Еден од главните фактори за пандемијата на Дијабетес тип 2 е прекумерната телесна тежина.
