Прибус и Бенон во кабинетот на Трамп
14.11.2016 11:35
Трамп истакна дека Прибус и Бенон се исклучително квалификувани лидери кои добро работеле за време на кампањата и кои помогнале за историската победа.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп го избра Рајнс Прибус за свој шеф на кабинетот, додека Стивен Бенон ќе биде негов главен стратег и виш советник.
Трамп истакна дека Прибус и Бенон се исклучително квалификувани лидери кои добро работеле за време на кампањата и кои помогнале за историската победа.
Менаџерот на кампањата на Трамп изјави дека на повидок е едно клучно именување за позицијата шеф на персоналот во Белата Куќа, додека новиот претседател се подготвува за инаугурацијата на 20-ти јануари.
