Игрите над пласманот
Иако во конечниот поредок македонската кадетска и пионерска селекција ги зазедоа претпоследните места на турнирот „Ракометот е мојата иднина“...

Иако во конечниот поредок македонската кадетска и пионерска селекција ги зазедоа претпоследните места на турнирот „Ракометот е мојата иднина“, нашите млади ракометари имаа солидни настапи и потврдија дека македонскиот ракомет има иднина.
Со победа над Босна со 22-18, две нерешени средби и 1 пораз нашите кадетски репрезентативци го освоија 5-тото место на турнирот во Бугојно. На првата позиција се пласираа репрезентативците на Словенија со кои македонските кадети одиграа нерешено, а единствено беа поразени од второпласираниот Катар.
Пионерите со една победа и два пораза го зазедоа третото место во групата, зад Словенија и Хрватска, а пред Катар.
Од нашите селекции беа најдобрите стрелци на турнирот. Филип Талески кај кадетите со 32 постигнати гола, а Димитар Димитриоски беше најефикасен меѓу пионерите со 19 погодоци.
Турнирот во Бугојно беше одржан под покровителство на Олимпискиот комитет на Бих и на ракометната федерација на Катар.
