Силно невреме во Романија
14.11.2016 12:37
Во дел од земјата снежната покривка достигнала и до 80 сантиметри, што придонело до проблеми во сообраќајот особено во планинските предели.

Силни ветришта проследени со снег погодија 14 окрузи во централна и северна Романија. Во дел од земјата снежната покривка достигнала и до 80 сантиметри, што придонело до проблеми во сообраќајот особено во планинските предели.
Три лица биле повредени во сообраќајна несреќа предизвикана од заледените патишта. Метеоролозите соопштија дека се очекуваат нови снежни врнежи.
Во Букурешт силниот ветар урнал повеќе дрвја кои ги уништиле автомобилите во близина.
