Борисов поднесе оставка

14.11.2016 13:18

Бојко Борисов поднесе оставка, која што треба да ја прифати парламентот. Тоа, според него, ќе биде направено на првиот ден од работата на Законодавниот дом, при што треба да се формира техничка влада.

Лидерот на бугарската владејачка партија ГЕРБ и премиер Бојко Борисов поднесе оставка, која што треба да ја прифати парламентот. Тоа, според него, ќе биде направено на првиот ден од работата на Законодавниот дом, при што треба да се формира техничка влада.

„Сакам да им честитам на моите колеги од Бугарската социјалистичка партија кои сторија сѐ што е во нивна моќ да ја обезбедат победата и секако да им се заблагодарам на сите оние кои гласаа за господинот Радев и ја овозможија оваа нова ситуација во Бугарија. Јасно е дека владејачката коалиција нема мнозинство па затоа и не можеме да спроведеме реформи, дури ниту буџетот не може да се гласа. Па затоа, на првиот работен ден на Парламентот, оваа Влада ќе даде оставка“, соопшти Борисов.