Николовски бара да се покрене постапка за тендерот за браната Речани

14.11.2016 13:57

Преходно, според Николовски, не било обезбедено одобрение од Владата за јавната набавка. Тој ја побара документацијата за тендерот и ја повика антикорупциска да го испита случајот.

Дополнителниот заменик- министер за земјоделство, Љупчо Николовски, обвини дека првиот човек на ресорот, Михаил Цветков, доделил тендер од речиси 26 милиони евра, на како што вели фирми блиски на власта. Преходно, според Николовски, не било обезбедено одобрение од Владата за јавната набавка. Тој ја побара документацијата за тендерот и ја повика антикорупциска да го испита случајот.

Како што истакна Николовски, тендерот бил објавен без да биде обезбедено одобрение од Владата, а одлуката за јавната набавка вредна 1.593.378.335 денари или 25.908.590 евра, ја потпишал министерот Михаил Цветков на 28 октомври.

До денес не ни е доставен одговор на барањето за увид во документацијата каде нов тендер повторно добиле „Трансмет“ и „Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс  АД“, и каде што Михаил Цветков во исто време бил министер и член на Одборот на директори, нагласи Николовски.