ДИК целосно ги отфрли листите на СДПМ
При разгледувањето на оригиналните документи, комисијата увидела несовпаѓање на потписите на одредени кандидати, некои изјави биле со постар датум, а имало и неправилности во изјавите за неосудуваност.

По повторното разгледување и утврдување низа неправилности, ДИК денеска едногласно реши да ги отфрли кандидатските листи на Социјал-демократската партија на Македонија (СДПМ).
При разгледувањето на оригиналните документи, комисијата увидела несовпаѓање на потписите на одредени кандидати, некои изјави биле со постар датум, а имало и неправилности во изјавите за неосудуваност.
Членовите на ДИК сметаа дека листите треба да бидат отфрлени, а партијата СДПМ има право да ја обжали одлуката во рок од 24 часа пред Управниот суд.
Силвана Бонева предложи листите да бидат отфрлени, а Игор Милев потенцира дека некој со умисла и свесно сакал да ја стави во заблуда ДИК.
Освен овие неправилности, на листите на СДПМ, носители беа лица со слични имиња и презимиња на кандидати од друга политичка партија.
