Прогласени најдобрите спортисти во АРМ за 2013-та
03.02.2014 12:20
Во Министерството за одбрана (МО) и Генерал штабот (ГШ) на АРМ денеска...
Во Министерството за одбрана (МО) и Генерал штабот (ГШ) на АРМ денеска беа прогласени најдобари спортисти во министерството и АРМ за 2013 година. За најдобар спортист во машка конкуренција е прогласен професионалниот војник Дарко Дамјановски за постигнатите успеси во нордиско скијање-Биатлон, а во женска конкуренција питомецот на Воената академија „Михаило Апостолски“, Благица Димитрова, која во изминатата година покажа високи резултати на натпреварите во атлетика.
Признанијата и медалите ги додели заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, кој нагласи дека тие се нераскинлив дел од војничкиот живот и професија и дека нивната примена има директно влијание не само на здравјето, туку и врз борбената готовност на АРМ.
Тој потсети дека спортот претставува задолжнителна содржина и редовна обврска на секој припадник на АРМ, заради што резултатите од редовната физичката проверка имаат значително влијание на професионалниот развој на активниот воен персонал на АРМ.
Доделувајќи му го признанието на професионалниот војник Дамјановски, генералот Сејдини во името на припадниците на АРМ му посака успешен настап и добар пласман на претстојните Зимски Олимписки игри во Сочи.
