Повредени три лица во експлозија во Истанбул
14.11.2016 14:46
Според полицијата, експлодирал пакет што курир го испорачувал во елекстронска компанија во Малтеп, дел од градот познат како комерцијален и станбен.

Три лица биле повредени во експлозија што денеска се случи во Истанбул. Според полицијата, експлодирал пакет што курир го испорачувал во елекстронска компанија во Малтеп, дел од градот познат како комерцијален и станбен.
Турција е во состојба на зголемена претпазливост во изминатите недели поради голем број напади и закани од ИД, Курди и левичарски милитантни групи.
