Нема политичка воља за законска зашита на укажувачите

14.11.2016 15:13

Како да се заштитат укажувачите на можно криминално дело? МВР смета дека тие треба целосно да бидат заштитени, особено во битката против корупцијата.

Нема политичка воља за законска зашита на укажувачите. Иако обврзани да го почитуваат, властите и институциите должни за справување со корупцијата и криминалот, меѓу кои Јавното обвинителство и Антикорупциска, една година по донесувањето на законот воошто не постапуваат, тврдат од Транспаренси интернешнл- Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи сметаат дека укажувачите треба да бидат заштитени целосно, бидејќи преставуваат нов инструмент во справувањето со корупцијата и тешките облици на криминал.

Народниот правобранител е институцијата во која законот не заживеа, вели државниот советник во институцијата, Билбилоски. Состојбите ги отежнува фактот што граѓаните сѐ уште стравуваат да ги споделат со јавноста неправилностите.

Холандскиот амбасадор во земјава Пломп, потсети на значењето на борбата против корупцијата и криминалот на земјава на патот кон ЕУ. Граѓаните ја имаат, вели Пломп, најголемата моќ на денот на изборите така што претсојните се огромна шанса за нив.

Законот за заштита на укажувачите се применува во приватниот сектор, велат од Транспаренси. Со него се предвидува казна од 6.000 евра за субјектот којшто ќе го открие иденитетот на укажувачот, што според експертите е премала сума за целосна заштита.

 

Фиљана Кока