Сојузот на слепи и министерката Ременски во кавга
Нема партиски, национален или верски интерес во нашето работење, велат во Сојузот на лицата со оштетен вид, по изјавата на министерката за труд и социјална политика Ременски, за ненаменско трошење на средствата. Министерката уште еднаш демантира, во буџетот на здружението, вели, има неправилности.

Националниот Сојуз на слепи лица тврди дека се соочуваат со притисок од министерката за труд и социјална политика. Обвинуваат дека таа сама формирала комисија за спроведување надзор над законитоста на работењето на Сојузот. Велат дека во неколу наврати комисијата во која дел се нестручни лица, била во сојузот, каде што ги добиле на увид сите потребни документи, но притисокот продолжил.
Контролите што се прават во Националниот сојуз на слепите се по барање на Државната комисија за спречување корупција, вели министерката Ременски. Како се трошат парите и дали има злоупотреба на средствата, го засега и министерството, вели таа, бидејќи секој месец се префлаат пари на сметка на овој Сојуз.
Националниот сојуз на слепи и слабовидни лица има 17 општински и меѓуопштински здруженија и има над 2.500 членови.
Наташа Јанчиќ
