Олимпизам

Строга допинг контрола во Сочи

03.02.2014 12:25

Меѓународниот олимписки комитет планира најопсежна допинг конторола досега кога се во прашање Олимписките зимски игри...

Меѓународниот олимписки комитет планира најопсежна допинг конторола досега кога се во прашање Олимписките зимски игри. Според директорот за комуникација на ИОК Марк Адамс, ќе бидат направени вкупно 2453 тестови. Една од причините за зголемениот број на тестирани спортисти е и позитивниот наод од пред четири дена на руската биатлонка Ирина Старик. На последната Зимска олимпијада во Ванкувер беа направени вкупно 2149 допинг тестови, во Сочи таа бројка ќе биде зголемена за 14%.

Најголемиот број на тестирања, вкупно 1184 ќе бидат извршени веднаш по завршувањето на секој натпревар со фокус на спортовите со „висок ризик“, вклучувајќи го и хокејот.Примероците ќе се чуваат во наредните десет години, со оглед на постојаниот прогрес на анти-допинг технологијата.