Брисел: Безбедноста и одбраната во фокус

14.11.2016 16:50

Безбедносна и одбраната на Европската унија- главна тема на Советот на министри за надворешни работи во Брисел.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини е убедена дека со денешниот педлог за зајакнување на безбедноста и одбраната, Европската унија ќе се профилира во веле сила. Пред почетокот на Советот на министрите за надворешни работи и одбрана, таа најави што е главно на агендата.

Не се работи за Армијата на Европската унија, се работи за нејзината безбедност и одбрана, да биде покредибилна и поефективна отколку што е денеска. Ние имаме план, но има уште многу потенцијали кои не сме ги искоистиле, и имаме потреба да ја зајакнеме безбедноста. Тоа им е потребно на нашите граѓани, тоа тие го бараат. Ние имаме инстументи. Мојот предлог денеска е целосна употреба на договорите. Треба да видиме до каде државите- членки се подготвени да одиме“, рече Могерини.

На денешниот Совет се разговара за сегашните мултилатерални односи со државите од источното партнерство. Најавено е донесување на заклучоци за можните резултати кои треба да бидат постигнати следната година.

Државите Грузија и Украина ги исполнија условите, и очекувам позитивна одлука за визна либерализација. Граѓаните го заслужија тоа“, нагласи еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

На агендата се и последните случувања во Турција, кои, како што истакна високиот претставник за безбедност и надворешна политика, Федерика Могерини, предизвикува голема загриженост мегу земјите- членки. Во прв ред, е идејата за повторно воведување на смртната казна, слободата на медиумите, владеење на правото и заштита на човековите права.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ