Радев: Очекувам наскоро потпишување на договорт за добрососедство и соработка со Македонија
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов си поднесе оставка, откако неговата кандидатска, Цецка Цачева, ги загуби претседателските избори. Нов шеф на државата е Румен Радев. Тој за Македонија рече дека е пријателска држава, очекува наскоро да се потпише договорот за добрососедство.

Во првото обраќање на новиот бугарски претседател, Румен Радев место и за нашата држава. Генералот со пријателски пристап кон земјава.
„Македонија е соседна и пријателска земја и очекувам скоро потпишување на договорт за добрососедство и соработка“, изјави новоизбраниот претседател Радев.
Претходно актуелниот премиер Бојко Борисов си поднесе оставка. Кандидатката на владејачката ГЕРБ, Цецка Цачева, освои 38 проценти, наспроти нејзиниот противник Радев кој однесе 58 насто од гласовите на бугарските граѓани. Неуспехот на ГЕРБ е јасен сигнал дека граѓаните сакаат да кажат дека нешто не е во ред. Во Бугарија има нова политичка ситуација, создадено е ново мнозинство кое треба да состави нова влада, рече премиерот Бојко Борисов, откажувајќи се од функцијата.
„Јасно е дека владејачката коалиција нема мнозинство па затоа и не можеме да спроведеме реформи, дури ниту буџетот не може да се гласа. Па затоа, на првиот работен ден на Парламентот, оваа Влада ќе даде оставка“, изјави Борисов.
Оставката на Борисов најавува предвремени парламентарни избори во Бугарија. Најверојатно ќе се одржат во март 2017-та, една година пред истекување на мандатот на владата на ГЕРБ.
Според бугарскиот устав, претседателот во заминување Росен Плевнелиев, треба да му даде мандат на Борисов, лидерот на партијата која ги доби последните парламентарни избори, да формира нов кабинет, но најверојатно тој нема да одговори на овој повик.
Потоа претседателот треба да го понуди мандатот на втората политичка сила, Социјалистите, за што лидерката Корнелија Нинова, исто така ја доби поканата за состав на нова влада. Ова покажува дека најверојатно ќе се активира третата опција, именување преодна влада за организирање предвремени избори.
Катерина Топалова
