ДИК ги отфли листите на НДМ

15.11.2016 10:00

При проверката, Комисијата утврдила големи неправилности во сите доставени кандидатски листи, несовпаѓање на потписите на кандидатите и нивна промена без барање на ДИК.

На синоќешната седница Државната изборна комисија ги отфрли листите и на Народното движење за Македонија (НДМ). За одлуката гласале сите 9 членови на ДИК.

При проверката, Комисијата утврдила големи неправилности во сите доставени кандидатски листи, несовпаѓање на потписите на кандидатите и нивна промена без барање на ДИК.

НДМ има право во рок од 24 часа пред Управниот суд да ја обжали одлуката на ДИК.

Вчера комисијата при повторно разгледување и утврдување на низа неправилности и несовпаѓања одлучи целосно да ги отфрли листите на СДПМ.