Обама во посета на Атина

15.11.2016 10:10

Левичарската грчка Влада очекува поддршка за голем број прашања, вклучувајќи го и барањето за отпишување на долгот.

Според грчкиот весник „Катимерини“, говорот на американскиот претседател во заминување Барак Обама, кој е во посета на Атина, ќе ги истакне достигнувањата на неговата администрација.

Левичарската грчка Влада очекува поддршка за голем број прашања, вклучувајќи го и барањето за отпишување на долгот. Како основни параметри за неговата посета се наведени регионалната стабилност, решението за кипарскиот проблем и реформите во Грција.

Некои грчки функционери сметаат дека изборот на Доналд Трамп за 45 престедател на САД , всушност, може да ѝ помогне на Грција да ги постигне своите цели.