Трамп ги објави првите наименувања
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп воведе неколку новини во Белата куќа. Кабинетот ќе го водат двајца членови на неговат администрација,Рејнс Прибес шефот на изборната кампања Стив Бенен ќе биде главен стратег и постар советник. Трамп го наименуваше потпретседателот Мајк Пенс за шеф на тимот за транзиција којшто веќе работи на даночна реформа, замена на „Обама кеир“ и имиграцијата.

За првпат Белата куќа ќе биде управувана од двајца членови на кабинетот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Рејнс Прибес, претседателот на Републиканскиот национален комитет стана шеф на кабинетот, а шефот на изборната кампања Стив Бенен ќе биде главен стратег и постар советник на Трамп. Потпретседателот Мајк Пенс е наименуван за шеф на тимот за транзиција на власта којшто веќе работи на смена на Обамакеир, од кој закон Трамп ќе задржи некои делови. Трамп се уште не донел одлука кого ќе наименува за нов судија во Врховниот суд и дали ќе наименува специјален обвинител за и-мејловите на Хилари Клинтон.
„Ќе Ви кажам што ќе направам. Ќе размислам за тоа. Мислам дека треба да се фокусирам на работните места, на здравствената заштита, на границата и имиграцијата. Ќе имаме одлична имиграциска политика“, изјави новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Републиканците во Конгресот и во Белата куќа ќе работат на даночна реформа и намалување на даноците. Нема да има сили за депортација на нелегалните имигранти, но ќе има депортација на илегалци и покрај спротиставувањата на некои отворени градови засолништа како Чикаго, на кои Трамп планира да им го укине федералното финансирање.
„Она што ќе го направиме, е да ги протераме луѓето со криминално досие, членови на банди, дилери на дрога, многу се ,околу два можеби и три милиони. Нив ќе ги протераме или затвориме. Но главно ќе ги протераме од земјава. Откако границите ќе бидат обезбедени, ќе видиме што ќе правиме со останатите“, нагласи Трамп.
Трамп најави зголемување на воениот буџет и изградба на 70 воени бродови за американската морнарица. Републиканците и демократите во Конгресот поддржуваат реконструкција на инфраструктурата во Америка што ќе отвори нови работни места.
Доналд Трамп одби да прима претседателска плата. Тој ќе добива по еден долар годишно додека ја извршува функцијата претседател.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
