Бркотница на „Партизанска“, тешко рането едно лице
На сообраќајката ѝ претходела вистинска бркотница по улиците, а во возилото кое го управувал нападнатиот било пукано од друго, засега непознато возило во движење, по што голфот се превртел и удрил во бетонска жардиниера на булеварот „Партизанска“.

Околу полноќ на крстосницата меѓу булеварот „Партизанска“ и улицата „Париска“ во Скопје во превртен автомобил бил извлечен тешко ранет возач.
На сообраќајката ѝ претходела вистинска бркотница по улиците, а во возилото кое го управувал нападнатиот било пукано од друго, засега непознато возило во движење, по што голфот се превртел и удрил во бетонска жардиниера на булеварот „Партизанска“.
Тешко ранетиот возач бил хоспитализиран во ургентниот центар на Клиниката за анестезиологија и реанимација. Полицијата трага по напаѓачите.
