Германија: Полициска акција против следбеници на ИД

15.11.2016 11:13

Во акцијата во западниот дел од земјата и во Берлин во која учествувале стотици полицајци се опфатени над 200 станови и канцеларии...

Германската полиција изврши претреси во десет провинции против осомничени поддржувачи на терористичката групација Исламска држава.

Во акцијата во западниот дел од земјата и во Берлин во која учествувале стотици полицајци се опфатени над 200 станови и канцеларии во сопственост на лидери и поддржувачи на салафистичката групација „Вистинска религија“.